По бурна расправија со сопругата, 42-годишен маж се заклучил во станот и се заканува дека ќе пука. Вистинска драма е во тек на улица „Војвода Влаховиќ“ во Белград, каде пред зградата на мажот се присутни екипи на полицијата и пожарникари. Преговарачкиот тим моментално се обидува да воспостави контакт со вознемирениот маж.

Тој се прекачил од една страна на терасата на друга, а екипите за интервенција се на терен.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за полициски службеник, кој во себе го има службеното оружје. По расправијата со сопругата, таа нивниот син избегале од станот.

Станарите велат дека забележале дека нешто не е во ред откако забележале дека неговата сопруга трчала боса низ зградата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.