Повеќе од 50 грама „спид“ и мало количество марихуана предал 25 годишник на полицаец при рутинска контрола во Хрватска, откако бил запрен во понеделникот вечерта на мопед и прашан дали во него има било каква дрога, јавува Полициската управа на Шибеник.
Момчето на полицијата доброволно им предало вкупно 54,9 грама амфетамин и еден грам марихуана.
Лицето потоа било приведено во Одделот за криминал, по испитувањето, општинскиот суд издал налог за претрес на неговиот стан. Освен дигитална вага со траги од бела амфетаминска прашина, полицијата не пронашла ништо друго. Сепак тоа е доказ, велат од таму, дека дрогата била наменета за продажба низ Шибеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.