Во Крушевац загинал 54-годишен велосипедист, откако бил удрен од 25-годишен возач на автомобил.

Судбината со семејството на велосипедистот непријатно си поиграла, приредувајќи неколку трагедии во низа. Четириесет денови пред несреќата, покојниот велосипедист ја погребал својата 16-годишна ќерка, која починала поради компликации со дистрофијата.

За да биде целиот настан уште потрагичен, полицаецот кој дошол да направи записник на местото на несреќата бил родениот брат на загинатиот.

Возилото се движело со брзина од 100 километри на час во дел каде е дозволено најмногу 50 километри на час.

Семејството е потресено поради низата смртни случаи кои ги снашле во краток временски период. Велосипедистот се враќал од интервју за работа, а според досегашните сознанија на полицијата, возачот на автомобилот управувал без возачка дозвола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.