Топла зима го очекува Балканот.

Додека во подрачјата на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од северна Европа се очекуваат силни бури на почетокот на зимата, на Балканот зимата ќе биде блага – без силни температурни осцилации и обилни врнежи.

Службата за временски услови AccuWeather објави на својата веб-страница долгорочна прогноза за претстојната зима.

Ќе има невреме, но тоа нема да биде толку изразено како минатата година“, предвидува метеорологот Џејсон Николс.

Наместо тоа, ќе се појавуваат продолжените суви периоди.

Регионот може да има долги суви и топли периоди, проследено со невреме кое ќе трае една недела и потоа ќе се врати на сув временски период од две или три недели“, рече метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекуваат засилени и чести бури, тврдат метеоролозите AccuWeather.

Малку снег ќе има на планините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.