Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против 68-годишниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ поради сомнение за сексуално злоставување на седум девојки, ученички во неговото училиште. Тој е обвинет за незаконско сексуално дело, како и четири силувања, а му се заканува казна затвор од 15 години. Обвинителството исто така објави дека му предложило на судот да го продолжи притворот за Алексиќ, во кој тој се наоѓа од 16 јануари.
Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против Мирослав Алексиќ, кој е обвинет за сторено две продолжени кривични дела силување, две кривични дела силување, едно продолжено кривично дело незаконити сексуални дејствија и четири кривични дела незаконски полови дејствија, до на штета на седум оштетени лица, соопштија оттаму.
Обвинителството изјави дека со цел да се заштити приватноста на учесниците во постапката, било предложено исклучување на јавноста за време на главниот претрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.