Провладин коментатор го поздравува планот на владата да им помогне на унгарските семејства и бизниси да ги преживеат финансиските проблеми што пандемијата на коронавирус сигурно ќе ги донесе. Левичарскиот експерт повикува на поголема акција на владата за заштита на работните места, пренесува „Хунгари тудеј“.

Во средата, премиерот Орбан објави план од пет точки за да им помогне на унгарските семејства и бизниси. Владата донесе одлука да ги запре плаќањата на кредитите до крајот на годината; воведе ограничувања за нови каматни стапки на потрошувачки кредит и ги запре социјалните придонеси на работодавците во секторите кои се најмногу погодени од ситуацијата со коронавирусот. Унгарската социјалистичка партија и партојата „Јобик“ ги поздравија одлуките, додека Демократската коалиција повика на поголема помош за унгарскиот бизнис и семејства.

Габор Путсај од весникот „Маџар хирлап“ ја поздравува одлуката на владата да го запре плаќањето на ратите и каматите на кредидите. Провладиниот коментатор се надева дека мораториумот ќе им помогне на семејствата и бизнисите да опстанат среде економскиот пад предизвикан од ситуацијата на коронавирусот.

Андраш Торо од весникот „Непзава“, ја критикува владата дека не е доволно проактивна. Левичарскиот колумнист признава дека мораториумот за исплата на заемот е чекор во вистинската насока, но додава дека владата би требало да направи многу повеќе за да ги заштити работните места и да им помогне на оние кои се отпуштени од работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.