Речиси сите 98 шумски пожари во Турција се локализирани, изјави министерот за земјоделство Бекир Пакдемирли. Десет пожари продолжуваат да горат во регионите Анталија, Ајдин, Муглу и Османије.
Во пожарите загинале најмалку шест лица, а предизвикана е и голема материјална штета, при што изгореа илјадници хектари земјоделско земјиште.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во областите погодени од пожарите, нагласувајќи дека државата ги мобилизирала сите можни сили за гаснење на огнот и санирање на последиците.
Според експертите, една од главните причини за пожарите во шумските области е високата температура во регионот и силните ветрови кои придонесуваат за ширење на огнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.