Грчкиот Парламент денеска во 12 часот по локално време (11 часот по средноевропско време) ќе ја започне седницата за изгласување доверба на Владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, која ќе заврши утре вечер со чинот на гласање, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако претходно седницата беше закажана за 10 часот, по барање на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос почетокот е одложен за два часа за да може да заврши церемонијата на примо-предавање на министерската позиција во Министерството за одбрана.
Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии.
Утре вечер, веројатно околу полноќ, како што најчесто е случај со гласањата во грчкиот Парламент, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе и дадат или не доверба на владата.
За владата на Ципрас да добие доверба, потребно е позитивно да гласаат 151 од 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.