Синоќа околу 23 часот во Призрен постар маж ја уби својата сопруга, после караница. Жртвата е мајката на советничката на досегашниот премиер Рамуш Харадинај.
Првичната истрага покажа дека сопругот ја убил жената во семејната куќа во Призрен со 15 куршуми. Причина за убиството најверојатно е љубомора.
Ќерката Диелза Хоти со потресен статус се прости од нејзината мајка.
Почивај во мир, мама, мој ангеле – напишала Диелза крај фотографијата на која е со нејзината мајка со ќерките и внуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.