Жена на 82-годишна возраст, која примила вакцина против корона вирусот починала во дом за стари лица во Чаковец

Министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција соопшти дека жената починала следниот ден откако била вакцинирана. Берош додаде дека по вакцинирањето, госпоѓата била контролирана и дека била во добра состојба.

Следниот ден епидемиологот ја провери состојбата. Некаде околу 17 часот, ден по вакцинирањето, се влоши. Повикана е брза помош, но таа починала во домот – изјави Берош, додавајќи дека жената починала од срцева слабост.

Таа била негативна на тестот за корона вирус.

Страдаше од астма и нарушувања во голтањето, поради тоа имаше сонда, ангина пекторис, лежеше и не одеше сама – објасни  Берош.

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1071 новозаразени со корона вирус, а починале 53 лица. Хоспитализирани се 2.390, а 200 пациенти биле на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 214.390 лица заразени со корона вирус, од кои 4.179 починале, а вкупно 204.303 лица се опоравиле, од кои 1.009 во последните 24 часа.

Во моментов има 17.448 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.041.678 лица, од кои 6.602 во последните 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.