По долга и тешка болест на 94 години во Загреб почина Јоле Петровиќ, таткото на кошаркарите Дражен и Александар Петровиќ.

За разлика од динамичната и витална сопруга Бисерка, кој се уште е активна во социјалниот живот, ангажирана особено со музејските активности на Музејјско-меморијалниот центар Дражен петровиќ, Јоле живееше повлечено и пред болеста, пишува Вечерњи лист.

Јоле Петровиќ е роден во Требиње, па како полицаец добил прекоманда во Шибеник, каде што ја запознал Бисерка, со која се оженил и ги добил синовите Александар и Дражен. Бисерка и Јоле живееле во хармоничен брак 62 години.

Јоле Петровиќ ќе биде кремиран во присуство на најтесното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.