Момче на 21 година починало синоќа на пат до болницата во Чачак, откако му се слошило среде настап на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци.

Очевидци раскажуваат дека инструменталистот на „Културно уметничко друштво Кралево“ наеднаш се срушил на сцената. Итната помош пристигнала веднаш, но му немало спас.

Д-р Билјана Кочовиќ, портпаролката на здравствената установа која се обидела да го реанимира, на медиумите им изјавила дека момчето било донeсено во болницата без витални параметри.

Како што пишува „РТС“, по оваа трагедија програмата на „Купусијада“ веднаш била прекината. Организаторите одлучиле истата да не продолжи ниту денеска.

Точната причина за смртта на уметникот ќе се знае по обдукцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.