Во 59-та година од животот, како последица од Ковид-19 почина Башким Фино, поранешен албански премиер и клучна личност во редовите на владејачката Социјалистичка партија.
Беше премиер на Албанија во најтешкиот период на земјата по падот на комунизмот, од март до јули 1997 година по познатите мартовски немири кога во земјата завладеа целосен хаос. Тогаш со консензус меѓу политичките партии беше избран за премиер на Владата за национално помирување.
Бил пратеник во повеќе состави на законодавниот дом, министер за локална самоуправа и вицепремиер, како министер за туризам.
Роден е 1962 година во Ѓрокастро, каде бил градоначалник во периодот 1992-1996 годна. Дипломирал на Факултетот за економија, насока финансии.
Албанската влада денешниот ден го прогласи за ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.