Пациент тежок 300 килограми починал вчера во Новиот клинички центар во Ниш, Србија, само што стигнал во болницата. Претходно вчера пожарникарите и Брзата помош не успеале да го извадат од домот 48-годишниот Бобан Петровиќ и да го хоспитализираат. Србинот исцрпен од коронавирусот ноќта некако успеал да се исправи, по што семејството го пренело во болница, каде починал поради нагло влошување на состојбата.
Заразени бевме сите во фамилијата, но тој го поднесе тоа најтешко. Вчера не можеа да го пренесат во болница зошто не можеше да застане на нозе. Не го береше во количка, а ни пожарникарите ни Брзата помош немаа доволно силна носилка. Сакаа да пробаат со шаторско крило, но ни тоа не успеа поради многуте кривини и скали низ куќата, раскажала сопругата Билјана Петровиќ за „Блиц“.
Додала дека Брзата помош трипати дошла во нивниот дом за да му помогне и да му даде терапија. Оттаму велат дека во тие моменти тој не бил во животозагрозувачка состојба и дека во договор со семејството оставиле и боца со кислород за секој случај.
Нишанецот се онесвестил во моментот кога влегол во болницата, а докторите не успеале да го реанимираат поради големата количина на вода која му се насобрала околу срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.