Амбасадорот на Србија во Русија Мирослав Казански починал ненадејно во 71. година, потврдија за агенцијата ФоНет од Министерството за надворешни работи, објавија српските медиуми.
Лазански беше писател, новинар и воено-политички коментатор.
Беше роден на 18 септември 1950 година во Карловац.
Напиша седум книги и автор е на десетина телевизиски серијали.
Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, ирачко-иранскиот судир, потоа за време на операцијата Пустинска бура, за војните во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово и Метохија, Либија.
Беше именуван за амбасадор на Србија воо Москва во јули 2019 година.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство до семејството на Мирослав Лазански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.