Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ (79) почина денеска во Белград во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.

Мркоњиќ беше во оваа здравствена установа од почетокот на ноември кога беше поставен пејсмејкер.

Да потсетиме, тој на почетокот на месецот заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што беше поставен пејсмејкер. Во август ги оперирал срцевите залистоци, со нова метода, преку препоните.

Тој беше долгогодишен партнер на фолк пејачката Ана Бекута.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.