Еден повозрасен маж кој се наоѓал во домашна самоизолација во местото Бртониглa во Истра синоќа починал, соопштија хрватските власти.
Како што јави дописникот на МИА, мажот имал 70 години и веќе извесно време се наоѓал во самоизолација под сомнеж дека е заразен со коронавирусот. Синоќа неговата здравствена состојба нагло се влошила по што била повикана итната медицинска помош. Лекарите сакале да го однесат човекот во болница, но тој одбивал, а малку подоцна и починал. Веднаш е земен материјал за анализа со кој треба да утврди дали се работи за Ковид-19.
Kaко што пишува „24сата.хр“, станува збор за сопственик на познат истарски ресторан.
Во хрватскиот регион Истра досега се потврдени 11 случаи на коронавирусот, од кои осум се мажи, а три жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.