Хирургот и анестезолог Предраг Лалевиќ, кој на 4 мај 1980 година го исклучил од апаратите доживотниот претседател на Југославија, почина во Белград на 92-годишна возраст.
Тито почина на 4 мај 1980 година во 15:05 часот, а на апарати бил 68 дена. Храната ја добивал преку инфузија.
Др. Лалевиќ го исклучил од апаратите кои го одржувале во живот.
Ни на шега не смее да се каже дека јас сум го убил. Десет минути пред тоа беше мртов. Му немаше спас. Јас само го исклучив од апаратот кој го одржуваше во живот, рекол во минатото за српските медиуми, Предраг Лалевиќ.
Лалевиќ беше со претседателот на СФРЈ Јосип Броз – Тито 16 години и со него патувал на 106 патувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.