Утринава починал д-р Миодраг Лазиќ (64), директорот на Нишкиот клинички центар од коронавирус, јавуваат српските медиуми.
Во сите сектори, одделенија и служби на Клиничкиот центар, утринава, точно во осум часот накратко биле прекинати сите активности. Сите доктори, медицински сестри, техничари, престанале со работа и со минута молчење му оддале почит на починатиот доктор Лазиќ.
Тој бил меѓу првите заразени лекари во Ниш и по 15-дневна грчевита борба ја изагубил битката со ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.