Безбедносните агенции во Босна и Херцеговина добиле информација дека Нусрет Имамовиќ, некогашен водич на заедницата на радикалните исламисти во БиХ кој се борел во редовите на терористичката организација во Сирија, побегнал од земјата и се крие во Либија.

Босанските медиуми повикувајќи се на сигурни извори, наведуваат дека Имамовиќ успеал да стигне во Либија на почетокот на февруари.

Имамовиќ се наоѓа на листата на 10-те најбарани терористи во светот. Бил водич на радикално исламско движење, а седиштето им било во селото Горно Маоча, кај Бачка.

Во Сирија заминал во 2013 година и таму се придружил на терористичката група ИСИС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.