По иницијатива на периферијата Атика на две атински пристаништа почна тестирање за Ковид-19 по случаен избор на патниците кои се враќаат од островите.

Тестирањето ќе трае во текот на денот, а мерката е поради тоа што има голем број Грци кои се враќаат во Атина по вчерашниот празник Пресвета Богородица кога граѓаните најчесто го користат летниот одмор, заминуваат на викенди и сл.

Целта на тестовите по случаен избор е да се откријат евентуални асимптоматски лица, кои можеби, без да знаат, за време на летниот одмор на некој од грчките острови се заразиле со корона вирусот.

На најголемото грчко пристаниште Пиреас, беше и префектот на периферијата Атика, Јоргос Патулис, кој заедно со вработените и волонтерите учествуваше во информирањето на граѓаните.

Нашите единици ќе спроведат онолку контроли колку што е потребно и ќе ги повторат таму каде што е потребно, со цел да формираме задоволителна слика и соодветно да ги прилагодиме нашите активности во следниот период. На патниците им препорачуваме, доколку постои можност, една седмица по враќањето од одмор да работат од дома – изјави Патулис кој рече дека .

Во Грција, во изминатите денови е зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19. Веќе четири дена по ред има над 200 новозаболени, а за само една седмица регистрирани се 1.475 нови случаи и починаа 15 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.