Анализа направена врз основа на сателитски снимки открива дека земјата околу Петриње се спуштила за повеќе од 10 сантиметри поради разорниот земјотрес.
Снимката на Фејсбук ја објави Ален Берта, инженер по шумарство и консултант во меѓународната компанија ЦГИ задолжена за набљудување на планетите.
Сателитите го покажуваат целиот размер на катастрофата. Споредувајќи ги сликите на радарскиот сателит Сентинел 1 од 18 декември и 30 декември, гледаме дека земјата западно од Петриње се приближува до сателитот за 44 см во најизразениот дел, додека самата земја на Петриње се спуштила за 10 до 30 см.
Овие области се со радиус од 10 км. Сепак, во појасот опкружен со линијата Поповача, Суња, Костајница, Двор, исто така, забележуваме поместување од неколку сантиметри, што сепак беше фатално за многу куќи оштетени од војната и староста.
Ова силно движење на земјата е поголемо отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години. Само да потсетам дека во земјотресот во Загреб земјата се движеше само за неколку сантиметри во епицентарот, додека во самиот град беше неколку милиметри – пишува Берта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.