Словенечката опозиција денеска побара оставка од Владата поради одлуката за вакцината „Џонсон и Џонсон“, откако 20-годишна девојка почина неодамна по примањето на оваа вакцина.
Девојката почина две недели по имунизацијата од згрутчување на крвта, што е ретка појава од вакцината на „Џонсон и Џонсон“.
За разлика од другите земји на ЕУ кои ја повлекоа вакцината или ја препорачаа само за возрасни лица, таа летово се користеше без ограничувања во Словенија. Вакцината, која се дава во една доза, е особено популарна кај младите луѓе.
Министерот Јанез Поклукар мора да преземе одговорност и да поднесе оставка бидејќи одлуката за оваа вакцина ја донесе без мислење од професијата, истакна пратеникот од редовите на социјалдемократите Дејан Жидан пред новинарите.
Повикувајќи се на владини документи, весникот „Дневник“ во петокот објави дека одлуката ја донеле соработници на министерот за здравство без да се консултираат со епидемиолози и инфектолози.
По смртта на девојката, употребата на „Џонсон и Џонсон“ беше прекината и Владата одлучи дека во иднина сите луѓе ќе бидат вакцинирани со побезбедни вакцини на „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“, освен оние кои ја сакаат на „Џонсон и Џонсон“ на сопствен ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.