По терористичкиот напад во Сомалија, што се случи во период кога во посета беше шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, се огласи српскиот политичар. Вели во моментот на нападот се наоѓал во претседателската палата каде разговарал со претседателот на таа земја.
Дачиќ истакна дека домаќините го известиле дека мета на напад бил министерот за надворешни работи на Сомалија.
Инаку тој се огласи од Атина каде авионот на Владата на Србија принудно слетал поради дефект, кој моментно се отстранува и чека тоа да биде завршено за да продолжи кон Белград.
Тој раскажал за Танјуг дека експлозијата толку многу одекнала што претседателот на Сомалија се „затресе“.
-Ние на тоа сме навикнале, нас не бомбардираа, му рекол Дачиќ, додека претседателот на Сомалија му одговорил дека ако тука биле некои од Запад, веднаш би побегнале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.