Шеснаесетгодишната Лена Илиќ доцна синоќа ја загуби петмесечната тешка борба за живот на Клиниката за интензивна нега и неврохирургија во Ниш, Србија. Лена е осмата жртва од несреќата која се случи на 21 декември кај селото Долно Меџурово, кога воз удри дирекно во автобус на „Ниш Експрес“ и го преполови.
Како што пренесуваат српските медиуми, неколку месеци таа комуницирала само со очите. Вчера починала по мозочно крварење како резултат од здобиените тешки повреди.
Лена била ученичка во Уметничката школа во Ниш и секојдневно ја поминувала таа релација со автобус за да стигне во училиште. Таа е трето дете од осумте жртви во несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.