Турција се приклучува на помошта за балканските земји со медицинска опрема, наменета за борба со коронавирусот.

По наредба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Министерството за здравство подготви заштитни маски, заштитна облека и тестови за коронавирусот за Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Материјалите биле натоварени во воен карго авион што полетал од Анкара кон Србија.  Од Белград авионот ќе слета и во Сараево, Подгорица, Скопје и Приштина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.