Мон Ѓурај, сопственик на пекарницата ,,Рома“ од Борча, населба крај Белград, се обрати по минатонеделните провокации и закани од група локални српски екстремисти, кои пред неговата продавница ставија свинска глава и протестираа.
Овде плаќам данок, тука моите деца одат во градинка, ова е моја земја, моја држава, мој дом. Немам каде да одам, а доколку заминам во странство, државата ќе покаже немоќ да се справи со екстремисти, изјави Ѓурај, или Ѓура, како што го нарекуваат локалните жители.
Реагираше и српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Ми пречи ова што се случи во Борча. Многу е важно да го заштитиме секој граѓанин на нашата држава. Прво тој тоа не го направил, туку некој негов вработен. Дали тој ќе биде виновен ако некој негов работник убие некого, што е многу полошо од покажувањето на тие нивни кокошки, запраша Вучиќ.
Не ми е срам да кажам дека сум ги менувал своите ставови во 20 годишната политичка кариера. Сите мора да се менуваме и да станеме потолерантни, изјави српскиот претседател.
Пред неколку денови, откако виделе некој Албанец на социјалните мрежи како се сликал со рацете во знак на орел од албанското знаме, локални екстремисти мислејќи дека станува збор за братот на сопственикот на пекарницата во Борча, пред дуќанот поставија свинска глава и протестираа, барајќи Ѓурај да си замине од тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.