Откако завршија со изборниот процес, Србите се соочуваат со можност за враќање на рестрикциите. Според имунологот Срџа Јанковиќ, коронавирусот во земјата и понатаму има голем потенцијал на ширење.

Според имунологот зголемениот број на новозаразени е опомена за сите. Во Србија дури сега се воведува задолжителното носење на маска во затворен простор.

Иако во моментот опцијата за враќање на полицисиот час и вонредната состојба не е ставена на маса, Јанковиќ потенцираше дека Кризиниот штаб разговарал и за таква можност.

Доколку ризикот се зголеми, не се исклучува тие мерки повторно да стапат на сила, предупреди тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.