Претседателот на Косово, Хашим Тачи, вечерва се обрати во јавноста откако вчера се врати од Хаг каде беше испрашуван во Специјалното обвинителство.

Соочен со обвинувања за воени злосторства и убиства за време на војната во Косово, Тачи нагласи дека ги чул обвинувањата кои му ги товари обвинителството и ги дал своите одговори. Тој наведе дека не смее да изнесува детали од испрашувањата, но потенцираше дека станува збор за измислици против ОВК.

Сакам секому од вас да му ја стиснам раката, да ве прегрнам сите и да ве уверам дека со секоја своја клетка ќе излезам чист како солза на крајот од ова патешествие кое продолжува со вас и за вас“-изјави Хашим Тачи, Претседател на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.