И покрај олабавените рестрикции во Србија, состојбата е под контрола, објасни епидемиолгот д-р Предраг Кон за српска „Прва“, но напомена дека сепак постојат неколку нови жаришта, како и реален пробем од нови.
Постои проблем поради враќањето на 17 илјади студенти во Белград поради испитите, па веќе ги имаме првите заразени во студентскиот дом во Карабурма (белградската населба ). Исто така, нови жаришта после прославите на Барјам има во Нови Пазар (каде има доста муслимаско население), како и во Тутин (каде мнозинството жители се Бошњаци). Засега имаме 250 контакти кои се под надзор, рече Кон.
Предупредува дека вирусот не е ослабнат, а доказ за тоа се сè поголемиот број на пациенти ставени на респираторни машини во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.