Српската опозиција има еден мандат повеќе од партијата на актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ. Со тоа најверојатно ќе заврши три децениското владеење на партијата на Ѓукановиќ кое почна уште во поранешна Југославија.
Српската опозиција предводена од Здравко Кривокапиќ има 41 мандат а блокот околу Ѓукановиќ 40.
Политичката ситуација во Црна Гора е навистина сложена и партиите на Србите во никој случај не би коалицирале со Ѓукановиќ кој владее со Црна Гора од 1990 година.
Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) објави прелиминарни резултати врз основа на 98,55 од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,12, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.