Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, објави дека вкупно 4 милиони граѓани на Србија, заклучно вчера, односно во последните десет дена, аплицирале за еднократна парична помош од 100 евра.

Министерот Мали на својот профил на Инстаграм напиша дека плаќањето ќе започне денеска, така што тие пари ќе се плаќаат секој ден за околу половина милион граѓани на Србија.

Претходно, беа исплатени средства за околу 1,7 милиони приматели на пензии и за околу 160.000 корисници на финансиска социјална помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.