Албанската влада објави дека донела одлука за опремување на Националната гарда со оружје и невропарализирачки средства. Според најавите, ова ново оружје Националната гарда ќе го користи за менаџирање со толпи во случај на протести.
Во Службениот весник е објавена целосната одлука со сите видови оружје што ќе се најде на списокот со средства што ќе ги користи гардата во случај на потреба од настани под нејзина надлежност.
Во неа се наведува дека гардата ќе биде опремена со камери, пневматско оружје, спреј, пушки, електрошокови, снајпери, акустични и димни гранати, придушувачи, анти-експлозивни куфери, антиробот експлозиви, ограничувачки уреди за употреба на сила, ГПС системи, системи за беспилотни летала (дронови) и многу други уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.