Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, во интервју за емисијата „360 степени“, верува дека по ноемвриските избори, трети оваа година, земјата ќе добие политичка влада. За македонско-бугарските односи Плевнелиев смета дека може да се нормализираат и дека за тоа се потребни конкретни чекори од Скопје, меѓу кои, еднострана изјава до ООН во која ќе се објасни дека Македонија се однесува на територијата на Република Македонија.
Екс-претседателот на Бугарија порачува Македонија да не очекува дека само американскиот и европскиот притисок врз Софија ќе дадат резултат.
САД се стратешки партнер. Но, САД се стратешки партнер и на Бугарија и не заборавајте дека Бугарија за милијарда долари купува американски авиони, Бугарија направи гасоводи за милијарди за американскиот гас да може да стигне до Европа. Така што, само со притисок од САД или од ЕУ, каде – да, Република Македонија наидува на разбирање, а од каде Бугарија добива јасни сигнали дека треба да се постигне решение, но Бугарија е членка на ЕУ. Решението е многу елементарно, почитувани пријатели и сакам раководството, лидерите во Скопје да разберат – со притисок решение ќе нема. Го немаше со Грција, ќе го нема ни со Бугарија. Ако погледнете во минатото, пред повеќе од 25 години, лидерите во Скопје имаа можност да изберат дали да се конфронтираат со Грција, која е членка на ЕУ и НАТО, или да се потрудат со неа да најдат решение за проблемите – вели Плевнелиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.