Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска предупреди на сериозната состојба со коронавирусот во таа земја и повторно апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да покажат ментална сила, бидејќи во спротивно бројот на заразени лица ќе биде поголем.
Имаме уште еден рекорден ден со 1.563 новозаразени и 13 мртви, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата во Хрватска, соседните земји, Европа и целиот свет – рече Пленковиќ на почетокот на денешната владина седница.
Тој се осврна и на дополнителните мерки за зачувување на работните места и за денеска најави седница на Управниот совет на Хрватскиот завод за вработување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.