Стотици граѓани незадоволни од динамиката на реконструкцијата на градот после катастрофалниот земјотрес денеска го пречекаа хрватскиот премиер  Андреј Пленковиќ пред црквата во Петриња со транспаренти, свирежи, извици „уа“. Еден од демонстрантите, пак, фрли снежна топка кон премиерот, кој со делегација пристигна утрово да одбележи една година од разорниот потрес на хрватското градче.

Имаат ли нашите деца толку време за чекање? Дајте ни да останеме, овозможете ни го тоа, да ни растат децата, рече еден демонстрант на работ на солзи.

Точно во 12 часот и 19 минути заѕвонија црковните ѕвона, а демонстрантите ја одбележаа годишнината со едноминутно молчење. Потоа со солзи во очи демонстрантите почнаа да ја пеат „Radujte se narodi“, стара хрватска божикна песна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.