Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, на кратка средба во Брдо кај Крањ, на српскиот претседател Александар Вучиќ му порачал дека треба да се реши прашањето за учебникот во кој се негира постоењето на хрватскиот јазик.

Пленковиќ се сретна со Вучиќ на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Му кажав да го реши прашањето за учебниците што практично го негираат постоењето на хрватскиот јазик – информира Пленковиќ за хрватските медиуми.

Хрватскиот премиер изјави дека тоа „треба да се поправи“ и додаде дека Вучиќ му возвратил „дека ќе види што може да направи од негова страна“.

Учебникот по граматика на групата автори „Од зборови на дела“ за учениците од осмо одделение во Србија наведува дека српскиот, словенечкиот, македонскиот и бугарскиот јазик припаѓаат на групата јужнословенски јазици и дека „Хрватите, Бошњаците и некои Црногорци српскиот јазик го нарекуваат хрватски, босански, бошњачки и црногорски “.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.