Пленковиќ негативен на тестот за коронавирус

Балкан 18.03.2020 / 11:02

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен на тестот за коронавирус, соопшено е денеска од неговиот кабинет.

Пленковиќ се тестираше на новиот коронавирус поради кашлица, со оглед на одговорната функција која ја извршува.

Тој се тестираше на присутност на коронавирусот. Резултатот е негативен. Трошкот од тестирањето ќе го подмири лично, соопшти портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ на официјалниот налог на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.