Македонија направи огромни жртви за да си ја обезбеди европска иднина и земјата заслужува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија држава од денеска и официјално го презеде претседавањето со ЕУ.
Пленковиќ на заедничка на прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочи дека Македонија го промени своето име и Устав и дека заслужува да биде дел од ЕУ.
Според Пленковиќ, новата методологија за преговори со ЕУ набрзо ќе биде готова и ќе и биде официјално презентирана на Франција.
Тој нагласи дека при неговата последна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, видел желба кај него да се направи напредок во процесот на преговори со Македонија и Албанија.
Мишел од своја страна изјави дека не е прашање дали е потребно проширување на Унијата или не, туку начинот како тоа да се направи, нагласувајќи дека очекува наскоро да има придвижување во тој правец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.