Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива од Загреб со цел забрзување на динамиката на проширување.
Во нашите консултации пред самитот ќе настојуваме да се премости и деблокира тоа што, за жал, не беше одлучено во октомври на Советот на ЕУ, и да се пронајде начин како да се отворат преговорите со Албанија и Македонија – рече Пленковиќ на средба со новинарите.
Тој додаде дека најважна тема на нивното претседавање, во политичка смисла, ќе биде европскиот буџет, бидејќи, според него, ќе се одрази на сите политики на европскиот блок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.