Владата на Хрватска е одлучна да воведе задолжителна имунизација за секторите здравство, образование и социјална политика.

Повикувајќи се на неофицијални информации, загребскиот портал Индекс пишува дека во владата одлучиле да следат потезите кои некои од земјите од ЕУ ги повлекоа.

Притисок врз јавниот сектор кога вакцинацијата е во прашање побараа и претприемачите откако стана јасно дека премиерот Андреј Пленковиќ цврсто одлучи дека поддршката за фирмите ќе ја услови со имунизација, односно со ковид потврди.

Од друга страна, претседателот Зоран Милановиќ е против ваков вид на притисок и најавената задолжителна вакцинација против коронавирусот и порача дека тоа не е политички паметно. Милановиќ кој денеска престојува во Пожега, запраша: „Што после. Дали ќе ги прогонуваме луѓето кои имаат кариес“.

Тој рече дека на секретарката нема да и даде отказ затоа што не се вакцинирала. Смета дека треба да се однесува на начинот на кој тоа го прават Британците.

Ако ве штити вакцината, тоа е тоа. Имам лоша вест, сите ќе умреме еден ден – рече Милановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.