Нови 124 случаи на заразени со Ковид-19, 41 оздравени и четири починати лица е билансот од епидемиолошката состојба во Албанија во последното деноноќие.

-Во изминатите 24 часа направени се 500 тестови на сомнителни случаи, при што позитивен резултат е добиен кај 124 од нив, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата до сега се зголеми на 6.275. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 41 пациент или 3.268, додека, за жал, битката со опасниот вирус ја згубија четворица или вкупно 193 пациенти, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.

Според неа активни на болеста се 2.814 лица, поголемиот процент се лекуваат амбулантски или во домашни услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.