Четиричлено семејство е убиено во Србија, а сомнежот дека убиецот е професионалец. Се работи за семејството Казимировиќ: 72-годишниот Раја, неговата 93-годишна мајка Драгица, 76-годишната сестра Љубинка Оприкиќ и детето на неговата сестра, 53-годишната Драгана Јозељиќ.

Полицијата два пати извршила увид и материјалот бил пратен во Белград на анализа.

– Според материјалните докази од местото на злосторството, положбата на телата на убиените и начинот на кој се убиени, единствено што можеме да претпоставиме е дека позади ова убиство стои професионалец. Односно, платен убиец, кој добил пари за да го убие семејството – рекол извор од истрагата за „Курир.рс“.

Според него, засега нема осомничен.

– Доказите покажуваат дека прв бил убиен Раја. Четири куршуми биле испукани кон него додека седел на тракторот. Куршумот во главата бил испукан од непосредна близина, односно цевката на пиштолот му била на челото. На ист начин, со пиштолот на главата, биле убиени и останатите три роднини. Сестрата на Раја веројатно малку ја помрднала главата, па куршумот завршил во усната – пренесува медиумот.

Соседите биле испрашани во какви односи биле со семејството, дали забележале некое сомнително возило и слично.

Мештаните биле убедени дека семејството е убиено поради пари. Како што изјавиле, иако жртвите биле скромни, имале пари, а се зборувало и дека Раја ископал некаков ќуп полн со злато.

Меѓутоа, на надлежните им е чудно тоа што во куќата не изгледало како некој да бара нешто.

– Во домот ништо не е ни допрено. Како убиецот да не ни влегол внатре – рекол извор од истрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.