Треба да бидеме внимателни со планирање на летниот одмор. Барем така препорачуваат епидемиолизите од регионот.
Доктор Предраг Кон на денешната прес конефернција во Белград нагласил дека после Велигден во Србија ќе има ублажување на мерките, но за летувањето нема оптимистички прогнози.
Во секој случај треба да се биде внимателен со планирање на летувањето. Треба да биде јасно дека оваа ситуација во однос на укинување на вонредната состојба и одредни мерки ќе оди постепено .Морам да нагласам дека сега ќе биде поголем притисокот што побрзо да се укинат сите мерки, ни мораме да бидеме свесни дека имаме чувствителна популација посебно кај постарите од 60 години и дека тие препораки нема да бидат еднакви за сите категории на граѓани. Во склад со вкупната епидемиолошка ситуација даваме одговорни препораки засновани на она што го знаеме. Јас лично велам дека е подобро да се биде во својата земја, за случајно да не добиете некоја ваква инфекција во туѓа земја. Јас лично нема да одам, а секогаш патувам. Годинава ќе патувам во рамките на Србија бидејќи овде се чувствувам безбедно и сигурно – истакнал Кон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.