Свршениците Ален Кучевиќ (24) од Пријеполе и 22-годишната Медина Бјелак од Бродарево настрадале во неделата попладне во сообраќајна несреќа, откако во нив удрил полициски автомобил.

Се свршиле во декември минатата година, за август била планирана голема свадба во Пријеполе, а подготовките биле во тек.

Кобниот ден, во неделата попладне отишле да гледаат стан во кој планирале да се преселат по венчавката, а сообраќајката се случила при враќање дома. Наводно Ален престигнувал автомобил пред несреќата. Во автомобилот биле само тие двајца, а во полицискиот автомобил имало 3 германски полициски службеници.

Таткото на Медина наишол на истиот пат непосредно пред несреќата, едно време стоел во колона и не знаел што се случува, а потоа се вратил по споредниот пат. На семејството на Медина и братот на Ален кој е во Германија им било јавено неколку часа подоцна, а потоа информирани биле и семејствата во Пријеполе и Бродарево.

Медина заминала во Германија на 2-годишна возраст, каде татко ѝ работел како градежник. Ален заминал да работи како градежник во Германија пред 4 години. Медина има сестра и брат, а Ален две сестри и брат.

Медина требала оваа година да заврши факултет за менаџмент и банкарство во Германија.

Парот ќе биде погребан во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.