Излегуваат детали од апсењето на групата „Пинк Пантер“ кои заедно со „Шкаљарскиот клан беа фатени во Шпанија со 400 килограми чист кокаин.

Групата падна во Гранд Канарија а водач бил Предраг Вујошевиќ, со прекар Марко Црногорец. Овој 47 годишен мафијаш учестувал во повеќе гражби како онаа во 2002 година во Лондон каде беше ограбена јуверлиницата „Граф“ и беа одземени дијаманти во вредност од 27 милиони евра.

Тогаш беше уапсен еден од соработниците на Вујошевиќ и кај него беше пронајден дијамант вреден шест милиони евра во кутија за помада, исто како во филмот „Пинк Пантер“.

Вујошевиќ бил упасен во Франкфурт откако ограбил две златари а потоа и позната јуверилица во Париз. Неговото име се споменуваше и со кражбата во Лувр а предметите никогаш не беа пронајдени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.