Вчера во Истра се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубило едно лице, а четворица се повредени откако пијана девојка со автомобилот влетала во полно ноќно кафуле.

Како што пренесуваат хрватските медиуми 28 годишна девојка со 1,37 промили алкохол во крвта влетала со автомобилот директно во кафе барот.

Според информациите за медиумите автомобилот поради неприлагодена брзина излетал од патот и завршил во кафулето преполно со луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.