На педијатрискиот oддел во болницата во Чаковец било донесено бебе старо 20 дена со повреди на главата. Примена била и неговата мајка, која исто така имала повреди јавуваат хрватските медиуми. Мајката и детето биле жртви на семејно насилство.
Како што јавува ХРТ, таткото, кој бил пијан, ја тепал сопругата по главата и рацете, па во еден момент замавнувајќи кон неа, со метална шипка го удрил бебето кое мајката го држела во раце и му нанел длабока рана на главата.
Раководителот на педијатрискиот оддел Дејан Блажи за 24 сата изјавил дека бебето не е на интензивна нега, туку заедно со мајката е на оддел. Повредите биле полесни, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.