Во Хрватска, на подрачјето на Петриња и Сисак, повторно е почувствуван земјотрес. Овојпат е со јачина од 3,5 степени според Рихтер, објави Сеизмолошката служба.

Епицентарот бил кај петриња. Претходно, ЕМСЦ јави дека земјотресот е со јачина од 3,3 степени според Рихтер.

Куќата се тресеше“, „На секоунда малку затресе, малку повеќе од претходниот период“, „Гласна детонација и јак удар“, „Долго не било вака“, пишуваат граѓаните на страницата ЕМСЦ.

Тлото околу Петриња не престанува да се тресе од првиот голем земјотрес што се случи лани пред Нова година, во кој загина едно девојче, а повеќе беа повредени, додека материјалната штета беше огромна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.