Петнаесет случаи на заболени со новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија, е откриен во Турција, соопшти денеска турското Министерство за здравство.
Министерот Фахретин Коча изјави дека станува збор за патници кои престојувале во Велика Британија и додаде дека пациентите биле во карантин заедно со лицата кои биле во контакт со нив.
Турција, како и многу европски земји, привремено ги прекина летовите со Велика Британија на крајот на декември.
Турските власти од минатата недела бараат негативен тест за коронавирус за сите патници кои влегуваат во земјата.
Според официјалните податоци, 21.093 лица починале од коронавирус во Турција, иако критичарите сметаат дека властите намерно го намалуваат бројот на смртни случаи и новозаболени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.